Граѓаните кои живеат во  населбата ,,Стар град” во текот на денешниот ден ќе може да се ослободат од својот кабаст отпад и да го предадат на комуналните служби. Од Ј.П. ,,Охридски Комуналец” информираат дека во акција за подигање на кабаст отпад ќе може да се одложат стари душеци, теписони, остатоци од мебел и покуќнина, бела техника и слично.

-Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е. ,,Механизација” на тел.046/265-353, при што треба да ја наведат локацијата, за да може нашата служба  благовремено да го подигне отпадот, информираат од Ј.П ,,Охридски Комуналец”.

Оттаму нагласуваат дека во наредниот период ќе спроведат уште неколку вакви акции во другите делови на Охрид.

OhridNews