Граѓаните кои живат во реонот опфатен со улиците: ,,Македонски Просветители”, ,,Партизанска”, ,,Димитар Влахов”, ,,Кеј Маршал Тито” и ,,Охридати” во текот на денешниот ден ќе можат да го одложат отпадот од уредување на своите дворни површини и градини.

Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека отпадот од гранки, трева, жива ограда и слични зелени остатоци, граѓаните ќе може уредно да ги остават  до контејнерите или на местата предвидени за подигање отпад кои се лесно пристапни. Оттаму напоменуваат дека со оваа акција е предвидено подигнување само на зелен отпад, а акции за
кабаст отпад ќе бидат организирани во наредниот период.

За дополнителни информации граѓаните можат да се информираат во Р.Е. ,,Механизација” на тел.046/265-353 .

OhridNews