Ј.П.”Охридски Комуналец” денес, организира акција за подигање на отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  од   М.З.”Стар Град”.

Заинтересираните граѓаните ваквиот отпад треба уредно да го остават до контејнерите или на местата предвидени за подигање отпад кои се лесно пристапни. За дополнителни информации можат да се информираат во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 .

Со оваа акција е предвидено подигање само на зелен отпад, а акции за кабаст отпад ќе бидат организирани во наредниот период, напоменуваат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Ohridnews