Има подобрување во процесот на закрепунување кај седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, тврди Bild. Наводите на весникот ги потврдила и портпаролката на Шумахер, Забине Кем.

Кем на новинарите им рекла дека градежни работи се изведуваат во куќата каде треба да се всели таткото на Михаел Шумахер.
Портпаролката на легендарниот Формула 1 возач ги отфрлила тврдењата дека е запрен процесот на будење од вештачки предизвиканата кома, во која Шумахер се наоѓа од 29-ти декември минатата година.
„Макфакс“











