Како што информираат од ТАВ, условите за полетувања и слетувања и на двата аеродроми се подобрени, но поради постојаната промена на густината на маглата, не може да се предвиди како ќе биде со останатите летови во текот на денот. Од таму посочуваат дека патниците можат да се информираат постојано за евентуелните откажувања или пренасочувања на летовите преку интернет страницата www.airports.com.mk
Аеродромот во Скопје од петокот беше затворен поради намалена видливост од густата магла. Дел од авионите се враќаа, а дел се пренасочуваа кон охридскиот аеродром. Од синоќа поради намалената видливост беше затворен и охридскиот аеродром.