2023 година СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и гимназијата „Св. Климент Охридски“ ја започнаa со крупни проекти, информираат од Општина Охрид, напоменувајќи дека во економското училиште во тек се неколку проекти, а во гимназијата се врши реконструкција на оградата и партерно уредување.
Во училишната зграда во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во тек е целосна промена на електричната инсталација во вредност од околу 8. 084.834 денари. Сите простории се санираа и реконструираа. Се глетуваа и варосуваа сите училници и канцеларии, а на првиот кат се преградуваа нови простории. За потребите по предметот физичко образование и култура, училиштето доби и две нови соблекувални. Реконструкција и санација на внатрешни простории изнесуваше 5.485.194 денари, а новата хидрантска мрежа е со вредност 450.000 денари, велат во соопштението.

За новите лектири биле издвоени 185.500 денари, а биле набавени и нови машини за чистење во вредност од 500.000 денари, додека за партерно уредување на дворот се вложени 2.808.400 денари, за топлотни пумпи 11.498.486 денари и за термофасада 8.279.446 денари.
Во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во тек е реконструкција на оградата од училишниот двор кој партерно ќе се уредува, а ќе се гради и атлетска патека околу школската зграда. Во ова училиште претходно беа реконструирани тоалетите, додаваат во соопштението.
OhridNews













