Постапката за легализација на дивоизградените објекти се поедноставува и поевтинува, најави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески на седницата на Управниот одбор на ЗЕЛС, што се одржа вчера во Скопје. Тој истакна дека  за легализација на диградбите граѓаните ќе треба да достават само уверение за државјанство, елаборат за земјиштето, имотен лист и етажен премер кој е неопходен за упис во катастар, како и доказ за приклучок на инфраструктура.

Деновиве  Владата  во координација со пратениците одлучила од законот да биде избришано барањето да се доставува проект за изведена состојба, бидејќи не ќе може да се направи целосен проект или ќе може само да се направи проект за архитектура, и оти сето тоа многу ќе ги чини граѓаните.

Предлог-законот за легализација на  бесправно изградени објекти во понеделник ќе се најде на дневен ред на седницата на Собранието.

OhridNews