Како дел од националниот проект за подобрување на сексуалното и репродуктивното здравје на младите, во Охрид, во рамки на Центарот за јавно здравје, функционира советувалиште за сексуално и репродуктивно здравје.
Советувалиштето е наменето за младите кои сакаат да добијат совети од областа на сексуалното и репродуктивно здравје од страна на стручни лица. Дел од тимот кој работи во советувалиштето се два советодавачи, специјалист епидемиолог и специјалист гинеколог.
Во советувалиштето бесплатно се делат презервативи и контрацептивни средства со препорака на гинеколог. Како што информираат од советувалиштето интересот од страна на младите во почетокот бил послаб, но тој постепено се зголемува.
Советувалиштето работи во понеделник и четврток од 13 до 17 часот, и вторник и среда од 14 до 16 часот.












