Според официјалните податоци на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во пораст е интересот на странците за Македонија, а како доказ се навдува растот од 26,5 проценти на девизниот прилив од туризмот само во првиот квартал годинава споредено со истиот период лани.

Охрид, како најголем туристички центар и Република Македонија годинава ќе ја посетат 1,2 милион туристи, кои ќе направат 3,2 милиони ноќевања и ќе донесат девизен прилив од 24 милијарди денари (390 милиони евра).

Од јануари до јуни годинава се регистрирани над 923 илјади ноќевања на над 433 илјади туристи, што е раст од 16,4 отсто по бројот на туристи. Лани во земјава дошле речиси еден милион странски туристи, со 2,8 милиони ноќевања. Најпосетувани се охридскиот и скопскиот регион.

Охрид и природните убавини на земјата беа промовирани во бројни медиуми во 12 земји. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија реализира медиумска кампања во Словенија, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Турција, Полска, Романија, Естонија, Шведска, Израел и Бугарија. Посакуваните резултати од медиумските активности се задржување и зголемување на бројот на туристи од овие туристички пазар.

Од октомври продолжуваат активностите за промоција на Охрид и останатите туристички потенцијали на Република Македонија, додаваат од локалната самоуправа.