Охрид сигурно ќе се најде на Листата на заштитени подрачја во опасност, бидејќи вообичаено препораките коишто ги дава Комитетот за светско наследство на УНЕСКО се усвојуваат, вели Ана Чоловиќ Лешоска од невладината „Еко – свест“, добитник на престижната награда за животна средина „Goldman“ за 2019, која се доделува секоја година на заслужни херои од областа на животната средина од сите шест населени континенти во светот. Таа смета дека тоа е и праведно и потребно, за да се мотивираат релевантните фактори да ги преземат потребните мерки за да се спаси УНЕСКО сатусот на Охридскиот регион.
Според мене е праведно да се најде на листатa. Тоа праќа порака дека ние како држава, како власт не сме направиле доволно да го заштитиме единственото заштитено природно и културно наследство. И треба некој, нели целата дискусија е за морков и стап, сега е време за стап. – вели Ана Чоловиќ Лешоска.

Може да се донесат одлуки на хартија, но ние како држава не мислам дека покажавме доволно посветеност да го заштитиме ова подрачје. Доколку сакавме да покажеме, требаше да срушиме одредени објекти како што тоа беше случај на албанската страна од езерото. – додава Ана Чоловиќ Лешоска.

При најмали врнежи, а некогаш и кога нема врнежи колекторот директно се излева во езерото. Од друга страна поради лошата финансиска состојба на јавното претпријатие често се исклучува струјата од пумпните станици. – истакнува Борче Стојаноски од ЕД „Грашница“.

Горан Момироски












