Деновиве по налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, се врши санација на ударните дупки низ градот. Денес се работи на улицата „Богомилска“, во близина на ординацијата „Сонце“, а претходно со активностите беа опфатени „7 Ноември“, „Јане Сандански“, „Македонски Просветители“, „Димитар Влахов“, Кеј Македонија и „Абас Емин“, „Партизанска“, „АСНОМ“, „Серафим Китаноски“, „Славеј Планина“, „Галичица“, „Димитар Влахов“, „Егејска“, „Кленоец“, „Васил Главинов“, „Ѓорче Петров“, „Марко Нестороски“, „Анастасија Узунова“, „Сирма Војвода“, „ Дејан Војвода“, „Ванчо Питошески“ и „Мирче Ацев“, како и паркинг просторот кај ЈП „Градски гробишта“.
Изминативе денови се интензивираа активности за поплочувањето со бекатон плочки на повеќе локации низ градот. Се вршеше поплочување во населбата Коњско и Христо Узунов, а денес започнаа активностите за уредување и поплочување на крак на улицата „Галичица“ и во населбата Рача.
Во поодмината фаза е и проектот за изградба и поплочување на патеката што води од Саат кулата до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“. На патеките веќе е поставен тампон со дебелина од 10 до 15 сантиметри и бетонска подлога со дебелина од 10 сантиметри. Поплочувањето на едната патека е при крај и се работи на поплочување на втората патека.
Градежните активности започнаа во месец септември и се очекува да заврши на крајов од оваа календарска година.
OhridNews













