Масовна нелегална сеча на огревно дрво во Националниот парк “Галичица” нема, но иако се поретко, надлежните служби на јавното претпријатие откриваат поединци кои одлучиле да влезат во паркот и за сопствени потреби или за продажба да исечат стебла од даб, бука или костен, кои се користат како огревно дрво.


Галичица не е поштедена од дрвокрадци, но ги има во мал број

Годинава од страна на јавното претпријатие биле поднесени три пријави за  бесправна сеча на дрва, а два такви случаи биле откриени и пред два дена.


Товарни возила превезуваат огревно дрво единствено со дозвола посочуваат од Паркот

Службите при јавното претпријатие активно работаат на терен 24 часа во денот, во соработка со шумската и граничната полиција, со цел сузбивање на ваквите нелегални дејства во паркот. Резултатите се големи, иако сеуште има ретки исклучоци кога поединци се одлучуваат на своја рака да исечат дрва од паркот, вели директорот на ЈП Национален парк Галичица, Зоран Ангелоски.

Веднаш штом се откријат ваквите случаи, соодветни пријави се поднесуваат до Основниот суд во Охрид.

Казната за извршена бесправна сеча на метар кубен огревно дрво е 7.000 денари.

OhridNews