Охридските хотели некогаш беа полни со семинарци и учесници на конгреси и други значајни манифестации, но овој вид туризам во последно време стагнира.

Се поголем број вакви настани и манифестации се организираат во главниот град, а од Охрид се селат и традиционалните собири. Таков пример е и годишната конференција на Македонската Берза, која наместо во Охрид каде традиционално се одржуваше со години, ќе се одржи во Скопје.

Станува збор за  настан со препознатлив имиџ за размена на искуства и дискусија за актуелните состојби во финансиската индустрија, а воедно и за промоција на идеи за понатамошен развој на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.

13-та годишна конференција на Македонската Берза ќе се одржи на 4-ти мај во скопскиот хотел „ Александар Палас“.

OhridNews