Во последните две години се бележи  значаен пад на бројот на регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, агресијата и насилството кај младите во и околу училишните центри, информираат од СВР- Охрид, од каде потенцираат дека за ваквите резултати  во голема мера допринела и рализацијата на проектот „Превенција на насилството во училиштата“, како и редовните состаноци кои во организација на СВР се оддржуваат со Советодавната група на граѓани.


–    Пред стартот на проектот беа евидентирани шест нарушувања  на јавниот ред и мир и насилно однесување во кое беа вклучени ученици во средните училишта. Додека пак оваа година, по спроведување на проектот евидентиран е само еден  настан, при што позитивно е што не се користеле средства со кои би се нанаеле серизони повреди, нагласува портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски.

За остварените позитивни резултати во однос  на намалувањето на насилството и агресијата кај  младите, Димоски го потенцира големото значење на одличната соработка со психолошко- педагошките служби, наставниците, професорите, како и со Агенциите за обезебедување. 

Неопходноста од меѓусебната соработка на надлежните служби и превентивното дејствување во насока на спречување на насилството, го истакнуваат и првите луѓе на охридските училишта.


–    Ако  минатата година имало неколку тепачки,  годинава тие се сведени на минимум. Од голема помош се вакцвите состаноци, консултации, добрата  соработка со полицијата и  обезбедувањето. Во споредба со останатите градови во земјава, сметам дека образовните центри во Охрид  треба да бидат пример за другите, во однос на тоа  како треба да се работи, соработува и дејствува во однос на спречувањето на насилството меѓу младите, вели директорот на ОСО „Св. Климент Охридски“, Наум Рилкоски.

Како позитивна мерка во однос на превентивното дејствување за спречување на асоцијалното однесување на младите, се нагласува и неодамна започнатиот проект на МВР, „Полицијата и учениците се дружат“, со кој за мирот и безбедноста во секое училиште задолжен е еден полициски службеник .

Превенцијата на насилството во училиштата, беше тема на дискусија на денес одржаниот 22- ри состанок со  Советодавната група граѓани од Охрид.


Средбата резултираше со усвојување на неколку заклучоци: продолжување на добрата соработка со училишните центри и агенциите за обезбедување со навремено информирање за сите појави од безбедносен карактер, разговори со учениците  посебно со оние кои манифестираат асоцијално однесување како и активно вклучување на родителите, што е и нивна обврска, согласно новите одредби во законот за образование. Обучување на едукатори-ученици од втора година, ненадејни контроли од педагозите и психолозите над приборот на учениците заради пронаоѓање предмети погодни за напад, интензивирање на активностите на родителите за зачестен надзор и контрола врз децата во однос на користењето на социјалните мрежи и сл. На денешната средба, беше побарано и поактивно вклучување на Општинскиот совет за превенција на малолетничкото престапништво, одржување на јавни трибини иницирани од СВР Охрид и беа осудени последните вандалски чинови со испишување на повеќе објекти во Охрид. 

Т. К.