Јавното претпријатие „Нискоградба“ преку Одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици, ги продолжува активностите за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живеење во градот.

Во моментов се работи на поплочување со бекатон плочки на крак од улицата „Бистрица“ во должина од 100 метри. Поплочена е површина од 300 м2 и извршено е нивелирање на канализационните шахти.

OhridNews