Екипи на ЈП „Нискоградба“ изминатиов период изведуваат градежни активности за поставување на фекална канализација на улица „Рашанец“ во село Лескоец, информира градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков,  на фејсбук профилот.

 

Должината на линијата изнесува 206 метри, а се поставуват цевки со пречник од ф200. Зафатот изнесува 977 565 денари, стои во информацијата.

Финансиските средства, се додава, се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

 

OhridNews