Од јавното претпријатие Нискоградба информираат дека нивни екипи извршуваат градежни активности за изведба на фекална канализација на крак од улицата „ Стив Наумов“. Ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф 200 и ќе се врши преприклучување на објектите на потегот на кој се изведуваат активностите.

Од претпријатието додаваат дека продолжуваат континуирано да работат кон подобрување на системот за одведување на отпадни води и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Охрид.

OhridNews