Екипи од јавното претпријатие „Нискоградба“, деновиве, изведуваат градежни активност за поставување на канализациона мрежа во Лескоец и Болнички комплекс.
Во Лескоец, ќе се поставува фекалната канализациона линија во должина од 100 метри, а цевките се со дијаметар ф200.
Во Болнички комплекс се поставува фекална канализација во должина од 90 метри, додека цевките се со дијаметар од ф315. Во рамки на активностите се изведуваат и ревизиони шахти вкупно 11 за двете локации.
OhridNews













