Екипи на ЈП „ Нискоградба“ вршат поставување на линија за одведување на фекални води на улицата „ Лазо Трпоски“ , со што се очекува да се реши долгогодишниот проблем на жителите од оваа  улица.

Паралено со одржувањето  и изградба на нова  канализационата мрежа , екипите на ЈП „ Нискоградба“ по налог на општина Охрид, работат и на други инфраструктурни проекти.Деновиве се  уредува дворното место на црквата Св. Недела во село  Долно Лакочереј, како и спортскиот полигон во селото Велгошти.

OhridNews