Во тек се работни активности за поставување на нов асфалт на неколку локации во село Горно Лакочереј, информираат од Општина Охрид.
Се асфалтира во центарот на селото, околу училиштето и неколку помали улички. Асфалтирана е површина од околу 1000м2, со вкупна должина од 250 метри и ширина околу 4 метри, велат во соопштението.
Активностите, додаваат, се дел од годишните програми на Општина Охрид, во рамки на тендерот за асфалтирање на улици во рурални средини.
OhridNews












