Екипи од Oдделението за сообраќај при Секторот за комунална дејност, во текот на вчерашниот ден започнаа акција за поставување информативни патокази на различни делови од територијата на oпштина Охрид.

Со  информативни патокази се означи кружниот тек на улицата „АСНОМ“, односно излезот од СРЦ „Билјанини Извори“ во правец кон село Велестово и  охридските плажи.

Вакви акции за поставување на патокази на значајни и фреквентни делови од територијата на  Охрид ќе продолжат и во наредните неколку денови. Во текот на денешниот ден планирано е да се постават патокази кај ЕМУЦ ”Св. Наум Охридски” и на потегот кај охридскиот медицински центар.“ –  информираат од Секторот за комунални дејности.

Доколку група граѓани или поединци имаат конкретни предлози да се постават вакви патокази на определени места, од Секторот за комунални дејности со апел до заинтересираните, да се јават во нивните простории и заеднички да изнајдат соодветно решение.

OhridNews