Деновиве екипите на Јавна Хигиена поставуваат нови корпи за отпадоци на следните локации: околу основното училиште “Григор Прличев”, околу детската градинка “Јасна Ристеска”, по ул.”7-ми Ноември” кај школото “Братство Единство” како и околу школото во населба Лескајца, кај градскиот чинар, потоа по улиците “Цар Самоил”, “Илинденска”, “Кирил и Методиј”, “Кузман Капидан” и кај амбулантата во населба Воска.

Покрај овие вонредни активности, од Јавна хигиена информираат дека деновиве интензивно се средува и зелениот појас во стариот дел на градот со косење на тревата и отстранување на стари гранки и грмушки.

OhridNews