Во пресрет на учебната 2014/2015 година и согласно акциониот план за делување и работа на Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, денес во основните и средните училишта во Охрид се вршеше замена на старите и дотраени електрични светилки.
Како што информираат од општина Охрид, целта на оваа акција е овозможување успешен и организиран почеток на новата учебна година, посебно за најмладите ученици.
Оттаму потенцираат дека надлежните служби и во текот на наредните денови, редовно ќе интервенираат низ сите основни и средни училишта кои гравитираат на територијата на општина Охрид.
OhridNews