Во тек е заменување на старите сообраќајни знаци кај пешачките премини на булеварот „ Туристичка“ и нивно заменување со нови, светлосни знаци.

Целта на поставувањето на светлосните знаци е зголемување на видливоста на истите, а со тоа и зголемување на безбедноста на пешаците, потенцираат од локалната самоуправа.

Претходно светлосни сообраќајни знаци, беа поставени на пресекот на улиците „Партизанска“ и „Јане Сандански“ кај Комерцијална Банка и на пресекот на улиците „Карпош Војвода“ и „Сирма Војвода“.

Одредувањето на локациите за поставување на светлосните знаци е по претходна консултација со стручните лица од СВР Охрид и по барање граѓаните.

OhridNews