Секторот за туризам и локален економски развој започна акција за поставување на туристички информативни табли на 26 локации во Охрид.
– Истите се поставуваат со цел туристите и гостите кои ќе дојдат во градов навремено да бидат известени за културните, историските, природните и туристичките знаменитости, како и за останатите објекти и содржини кои се специфични за Охрид, информираат од локалната самоуправа.
Во текот на вчерашниот ден туристички информативни табли со соодветен знак на објектот или содржината на која се однесуваат беа поставени на шест локации во градов: кај игралиштето Мизо, на кејот кај хотел Ројал, на градскиот плоштад, пред влезот од Антички театар, кај црквата Св. Богородица Перивлепт, и кај Галерија на икони.
Акцијата за поставување на информативните туристички табли продолжува и во текот на наредните денови. Информативните табли се донација што општина Охрид ја доби од Центар за Развој на Југозападен Плански Регион.
OhridNews