По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид и по одобрение и согласност од Одделението за екологија и заштита на животната средина денес оперативни екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, пристапија кон подкастрување на гранките на дрвјата по должината на улицата „Македонски Просветители“.
-Оваа акција е повеќенаменска посебно ако се има предвид дека широките крошни на дрвјата по оваа улица беа пречка за нормално функционирање на уличното осветлување, а со тоа и директна закана по безбедноста на сите учесници во сообраќајот на овој потег од градот, информираат од општина Охрид.
Според информациите од ЈП „Охридски Комуналец“ за денеска беше најавено поткрастување на дрворедите на „Кеј Македонија“ и на улицата „Партизанска“. Утре екипите на претпријатието ќе работат на потегот од улицата „Партизанска“ до улицата „Димитар Влахов“, а во среда од улицата „Димитар Влахов“ до улицата „Даме Груев“. Во четврток и петок ќе се поткаструваат дрворедите од потегот на улицата „Даме Груев“ до пресекот со булевар „Туристичка“.
OhridNews