Поради пропуст во рокот на испраќање, Здружението за литература, култура и наука, „Бран 2010“ од Струга и списанието „Бранувања“ повторно го распишуваат востановениот конкурс за доделување на две награди:

–    Наградата „Крсте Чачански“, за необјавена збирка на кратки раскази, и
–    Наградата „Јован Котески“,  за необјавена поетска збирка.

Според пропозициите расказите не треба да бидат подолги од 100 реда (три страници новинарски проред), да се до 20 раскази, да не биле досега објавувани, ниту во печатени изданија, ниту пак во електронски, даа имаат наративна форма. Темата на расказите е слободна. Поетската збирка да не содржи повеќе од 50 песни, секоја да не е повеќе од 30 стихови

Ракописите во четири примероци отчукани на Times news roman“ или „Ариел“ со македонска поддршка, и снимени на цеде треба да се  испратат на адреса: „Бранувања“, ул. „Нико Нестор“ 22, 9300 Струга, со назнака: конкурс за наградата „Јован Котески“ односно „Крсте Чачански“ и на [email protected] и [email protected].

Две тричлени жирија составени од реномирани македонски писатели ќе го извршат изборот за првонаградените збирки, кои потоа организаторот ќе ги објави, промовира и додели наградите, во месец  јуни – јули 2012 година.

OhridNews