Во Охрид сеуште не фунционира прифатилиште за згрижување на лица кои немаат свој дом и кои живеат под ведро небо или пак во импровизирани колипки направени од штици и најлонски кеси, за да се заштитат од временските неприлики.

Од општинскиот Црвен крст информираат дека во тек е изработка на проект за  обезбедување на објект во кој ќе можат да бидат згрижени овие лица.

Идејата е да почне да функционираат простории во кои лицата без свој дом ќе можат да  дојдат, да ја одржуваат својата лична хигиена, да се пресоблечат, подстрижат,  а ако има услови и да преноќат во објектот, вели претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

За реализација на проектот неопходна е помош од локалната самоуправа. Градоначалникот Никола Бакрачески ја подржа идејата за обезбедување на прифатилиште за бездомници, и рече дека се прават напори да се обезбедат соодветни простории за оваа цел.

OhridNews