По идеја на економскиот промотор во Амбасадата на Репубика Македонија во Република Хрватска Катерина Димоска , превземена е иницијатива за партнерство и збратимување на двата туристички центри- Охрид и  хрватскиот град Опатија. Иницијативата на македонска страна во Охрид ја имплементираше советникот во советот на Општина Охрид , Дејан Пановски .

– Ова партнерство го гледам како реална прилика за размена на искуства во водењето на туризмот кои на Охрид и тоа како му се потребни , но и како прилика за движење на туристи во двата правци . Опатија е еден вид симбол за туристичко работење на овие простори и Охрид би требало да добие многу од овој процес на партнерство и збратимување. Заради таа поента со задоволство работев на спроведувањето на идејата и иницијативата, вели Пановски.

Писмото за намери во име на Општината Охрид веќе е потпишано од страна на Градоначалникот на Охрид Александар Петрески .Се очекуваат и брзи контакти на официјалните лица на двата града, посети на делегации и чин на потпишување на партнерството помеѓу двата туристички бисери Опатија и Охрид. Согласно планот ова партнерство се планира да се прошири и врз туристичките и транспортните претпријатија како и врз високоте училиштата за туризам во двата града.

OhridNews