По вчерашните акции во струшките села Модрич и Дренок, денес е предвиден дотур на храна и лекови со хеликоптер и во селото Јабланица. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, одлука е донесена и е издадена дозвола за летање, но зависи од временските услови дали акцијата ќе се реализира.

Напори се прават и за пробивање на патниот правец Лабуништа- Боровец – Јабланица. Екипите на Македонија пат постојано работаат со цел расчистување на овој патен правец  кој веќе со денови е завеан.

Струшкото село Јабланица е едно од најголемите планински села во овој регион и брои околу 350 жители. 

OhridNews