Опасни хемикалии се пронајдени во околу 30–ина детски играчки, голем број козметички производи и средства за чистење, кои се продаваат на македонскиот пазар, покажуваат испитувањата на Центарот за истражување и информирање Еко Свест, пренесува „Макфакс“.

Алармантна е состојбата и со македонските производи во делот на козметиката и средствата за чистење на чии амбалажи не се наведува составот на производот, ниту постојат јасни обележја, знаци и информации за него.


Истражувањето направено на хемискиот состав на производите споредбено со Директивите на Европската Унија покажало дека најголемиот дел од производите содржат недозволиви или повеќе од дозволивото количество на  хемикалии како што се фталати, олово, хром, бензен, формалдехид.

Меури од сапуница, топки, фломастери, животински фигури, кадифени коцки, кукли, базени и чамци на надување, дрвени сложувалки, претежно со кинеско потекло, се дел од производите во кои со ова истражување се пронајдени тешки метали и недозволиви хемикалии.

Со неколкумесечното истражување се опфатени само  производите кои можат да се најдат во продавниците, а не се опфатени оние кои се продаваат на пазарите.

OhridNews
извор: Makfaks