Делегација на општина Охрид и Универзитетот „ Св. Климент Охридски“, деновиве оствари повеќе официјални средби со градови и институции во Република Турција.

Претставници на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од  Битола , во чии рамки работи Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, беа во официјална посета на  Универзитетот “ Намик Кемал“ од Текирдаг и учествуваа на научната  конференција посветена на  стогодишнината од Балканските војни.

Посетата беше искористена за презентација на Охрид, неговото  културно- историско наследство и природните убавини. Се водеа и разговори за соработката меѓу двата универзитети,  размена на професори и студенти.

Делегацијата на општина Охрид во која беа претседателот на советот на општина Охрид Душко Јаковчески, членот на советот Кујтим Усеини и  претставникот на ТЛЕР Илкер Мустафа, оствари  средби со градоначалниците од Текирдаг Јеничифлик, Барбарос, Кумбаг, Мармара Ереглиси и Општината Бајрампаша. Беше разговарно за унапредување на досегашната соработка и во име на градоначалникот Александар Петрески им беше упатена покана да го посетат Охрид.

Во рамките на посетата во Стопанската комора во Текирдаг, охридската делегација се сретна и со претставници на бизнис секторот. При тоа, турските бизнисмени беа запознаени со потенцијалните можности за инвестирање во Охрид.

OhridNews