Потрагата по Зоран Танески, кој е прв осомничен за убиството на неговата сопруга Анита Танеска, што се случи во саботата рано утрото, продолжува и денеска.

Полициската потрага што започна вчера траела до доцна  во ноќта, по што била прекината. Утрово таа продолжила со ист интензитет. Од СВР Охрид информираат дека е проширено подрачјето на кое се бара осомничениот, за кој првично се претпостатуваше дека се наоѓа во регионот на селото Оровник, каде тој и живее. На тоа упатуваше и неговото возило „БМВ“ кое вчера беше пронајдено оставено во атарот на с. Оровник.

Во потрагата по Танески, вклучени се припадници на специјалната полиција и хеликоптер.

Зоран Танески се сомничи дека вчера околу 3:45 часот на улицата „Лазо Трпоски“ во Охрид, со повеќе убоди од нож ја убил неговата сопруга,  24-годишната Анита Танеска.

Сега починатата Танеска била во брак со осомничениот помалку од две години, со кого имала деветмесечно дете. Неофицијално, двојката имала брачни несогласувања, поради кои Танеска се вратила кај нејзините родители. Осомничениот вчера утрото ја пречекал Танеска која се враќала од семејна веселба и ја усмртил со повеќе убоди од нож во пределот на главата, градите и стомакот.

Ohridnews