Во завршна фаза на изработка е вториот ЛЕАП(Локален еколошки акционен план) на Општина Охрид.Обврската за донесување на ЛЕАП произлегува од Законот за животна средина,а во согласност со Националниот еколошки акционен план и методологијата пропишана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за донесување на локални еколошки акциони планови. ЛЕАП документот општината го донесува врз основа на оцената на своите специфични состојби и потреби, и тој има важност за период од шест години. Првиот ЛЕАП на Општина Охрид беше донесен во 2002 година.
Изготвена е нацрт верзија на вториот ЛЕАП која беше доставена на разгледување до седумте работни групи составени од стручни лица од различни области. Деновиве беа одржани состаноци на претставници на општината, изработувачот на ЛЕАП-от и членовите на работните групи. Притоа беше разгледан подготвениот материјал и беа прифатени мислењата и забелешките на членовите на работните групи, што ќе придонесе за добивање на поквалитетен и посеопфатен документ кој реално ќе ги отсликува состојбите и можностите на Општината,информираат од локалната самоуправа.
Нацрт верзијата на документот ќе биде достапна за пошироката јавност, а ќе биде организирана и јавна расправа, пред документот да биде донесен од страна на Советот на Општина Охрид.
На археолошкиот локалитет Расница, с Корошишта – Струшко, денес беа презентирани најновите ексклузивни наоди од истражувањата на архајската некропола – богато војничко погребување со комплетна воен...
Со доделување на признанија на тринаесет најдобри наставници од предучилишното, основното и средното образование за учебната 2025-2026 година, Министерството за образование и наука и Сојузот на про...
Од ноќеска на полноќ, цената на дизелот се намалува за 3 денари за литар, додека на бензините за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика Согласно одлуката ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се прод...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.