Се раѓа ли случај “Петровски“ во охридскиот атлетски клуб. Фрлачот на ѓуле до нашата редакција испрати допис кој тој го доставил до матичниот клуб, во кој тој бара да му биде издадена исписница од АК Охрид.


Во дописот потпишан од атлетичарот стои: “Загрижен сум од ситуацијата-состојбата, фокусирани во дистрибуција, на Ваши пораки, преку атлетичар на АК Охрид, дека нема да ме повикате на атлетските натпревари.

Овие пораки, ги сфаќам многу сериозно,но се без основа од причини што со досегашното поведение кон Вас, клубот и репрезентацијата не го заслужив ова. Јас, почитуван тренер, ке ја испочитувам оваа ваша порака и затоа ве замолувам за исписница од клубот или за изнајдување друга форма на трансфер како мој континуитет на атлетските натпревари во 2012 година.

Ваквата солуција, почитуван тренер, убеден сум дека е најдобрата санација помеѓу нас и клубот, а јас формата за трансфер што ке ја предложите, (позајмица кон друг клуб или било како поинаку) никогаш нема да ја искористам како конкурентност кон вас или АК.Охрид.

Сепак, мора да признам, дека мојето семејство и Вие, синбиозно го градевте мојот прогрес во спортот-атлетиката. Јас ценејки го сето ова и многу друго никогаш не можам да ви свртам грб вам, а најмалку на моето семејство!

Но сепак, почитуван тренер, вие почесто, споменувавте дека доколку дојде и до разделба,дека таа треба да биде достоинствена. Еве нека биде.

Во позитивно, исчекување на разврската, како не би ја прекинал мојата спортска кариера, Ви Благодарам.“

Ohridnews го контакираше тренерот на клубот Влатко Димитров кој даде свое обајснување на ситуацијата.


“Атлетичарот како што има права така и има и обврски према клубот. Но тој обврските не ги изврши со тоа што не учествуваше на Купот за младинци, со што клубот го загуби прво место во младинска конкуренција во мажи, како и победа севкупно.

Причина за неговото непојавување биле негови приватни причини. По мечот во Купот тој беше суспендиран од страна на Управниот Одбор на клубот, а неговата суспензија ќе трае најмалку една година.

Атлетичарот и да бара испиница, има период во кој се издава таа исписница. Сега на половина од првенството таков трансфер е невозмможен. Во моментов тој е под суспензија и нема право да настапува на мечевите од поединечна и клубска конкуренција. Јас како тренер ги одредувам натпреварувачите кој ќе учествува и кој не. Јас и како селектор го подготвував Петровски за настап на натпреварувања надвор од Македонија, но кај него наидов на силен отпор, пред се од неговите родители “ – објаснува Димитров.

Ohridnews