Се расчистува мапирана дива депонија на просторот од поранешен Градинар, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

По претходно добиен налог од општинскиот инспекторат, екипите на претпријатието пристапија кон расчистување на мапираната дива депонија на просторот од поранешен Градинар, велат.

Додаваат дека количествата на расфрлан кабаст отпад, градежен шут и друг отпад се енормни, па активностите ќе се реализираат и во наредните денови.

OhridNews