ЈП Охридски комуналец континуирано се соочува со проблемот од несоодветно депонирање и расфрлање на отпад на патниот правец кон селото Велестово. Деновиве, повторно се реализира акција за расчистување на овој патен правец и шумскиот дел покрај коловозот.
Со цел повисок степен на јавна чистота во стариот дел на градот по улиците : „Илинденска„ , „Кузман Капидан„ , „Коста Абраш„ и „Цар Самоил“ се поставени нови 15 канти за депонирање отпад со капацитет од 240 литри.
Се уреди просторот и патниот правец до црквата Св.Наум во селото Лескоец.
Во пресрет на триатлонот кој ќе се одржува претстојниот викенд во Охрид, по барање на организаторот се уредуваа патеките каде истиот ќе се одржува.
OhridNews












