По налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамки на акцијата за расчистување на локалните и регионалните патишта на територијата на општина Охрид, денес екипи на Јавното претпријатие “Охридски комуналец“ започнаа со  расчистување на локалниот пат што води од селото Орман до селата Горно и Долно Лакочереј. Патот е во должина од 1 200 метри и  за неговото чистење  покрај оперативните екипи на ЈП “Охридски комуналец“ ќе се користи  и полесна механизација.

Акцијата се очекува да трае неколку дена и е продолжение на  акцијата  за расчистување на регионалниот пат Охрид – Св. Наум.

Од Секторот за комунален развој при општина Охрид , најавуваат  чистење  и на останатите локални патишта со цел   побезбедно  дочекување на  зимската сезона.

OhridNews