По налог на општинскиот инспекторат екипи на „Јавна хигиена“ извршија расчистување на речното корито на реката Грашница и околината, на потегот од „Булевар Туристичка“ до пресекот со ул.„Гоце Делчев“ .

Речното корито од натрупаниот отпад и израснатата вегетација се расчистува рачно, а околниот простор на двете страни од речното користо се коси и се уредува.

– Со овие активности ќе се обезбеди непречен тек на речните води и ќе се минимизира можноста за поплавување на околното земјиште, велат од јавното претпријатие.

OhridNews