Речното корито на реката во с. Средорече, на потегот од истоименото село  е доста тесно и плитко и обраснато со ниска и висока вегетација и делумно исполнето со наноси. Поради тоа, по налог на општина Дебрца Јавното Комунално Претпријатие „Дебрца“ деновиве спроведува акција за санација и расчистување на коритото на реката.

На овој дел од коритото се врши машинско отстранување на вегетацијата (капини и други нискостеблести и високостеблести растенија). Мерките се спроведуваат за да се заштити селото и полето од евентуално поплавување поради очекуваниот пораст на нивото на водотекот во претстојниот период.

OhridNews