По добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, Ј.П.„Охридски Комуналец“ пристапи кон расчистување на речното корито на река Сушица, на потегот од улицата „ 15- ти ти Корпус“ до „ Отпад“. Во текот на изминатите денови речното корито се расчистуваше од расфрланиот отпад и неуредната вегетација која го попречуваше нормалниот тек на водата од реката.

Согласно работниот календар, екипите на „Јавна хигиена“ викендов со активности и за уредување на  улицата „Железничка“ по целата нејзина должина. Ангажирани се 10 работници кои ги одстрануваат наносите од песок и земја покрај граничниците од коловозните ленти и ги метат јавните пешачки површни.

OhridNews