Заради предвидените активности на локалната самоурава за санирање на речното корито на река Сушица вдолж улицата „Радојца Новичиќ“ со кои речното корито ќе се ѕида и продлабочи, екипи од Ј.П. „Охридски Комуналец“ веќе две недели спроведуваат активности за расчистување на теренот. Со ангажирање на специјална комбинирана машина, речното корито се продлабочува , а натрупаниот отпад (пластичен отпад, чакал, наноси од земја и гранки) се транспортира. Екипите на „Паркови и зеленило“ рачно го расчистуваат теренот околу речното корито со отстранување на бујната вегетација, трње и гранки.
Овие активности кои се реализираат по налог на општинскиот инспекторат, планирано е да завршат на целиот потег до средина на месец септември.
OhridNews