Во рамките на активностите за одржување на јавната чистота и јавното зеленило кои се спроведуваат согласно Програмата за работа за 2014 год., деновиве ЈП „Охридски Комуналец„ реализира вонредни активности во централното градско подрачје и приградските населби.
Заради попречениот тек на водата од река Сушица, се расчистува речното корито од ниската вегетација во близина на булеварот Туристичка„
„Речното корито се расчистува рачно од високо израснатите треви и натрупаниот отпад, со што ќе се овозможи непречен протек на речните води.“ – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Како што информираат од претрпијатието, расчистен е и потегот од бензиската пумпа кај „Билјанини Извори“ до спомен-паркот на „Револуцијата“, како дворот и просторот кај освовното училиште во Велгошти и спортската сала во Лескоец.
OhridNews