Од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информираат дека екипите на “Паркови и зеленило”, деновиве, работаат на расчистување на зараснатите тротоари на улицата „Марко Цепенков” на потегот од инфективното одделение при Општа болница до кружниот тек на пресекот со улицата „Момчило Јорданоски”.

При тоа биле ангажирани четворица работници, при што отстранети се делови од зелената жива ограда, гранки од дрвја и трња од приватните имоти кои го попречуваа движењето на пешаците  и ја попречуваа видливоста на сообраќајните знаци.

Во текот на наредните денови акцијата ќе продолжи и во стариот дел на градот, во населба „Исток”, на улицата „7ми Ноември” и по другите улици каде што ќе има потреба за истото.

OhridNews