Екипите на „Јавна хигиена” спроведоа активности за генерално расчистување на улиците „Кленоец” и „Радојца Новичиќ”. Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите и граничниците од коловозот. Отстранета е ниска и дива вегетација и подигнат е расфрланиот отпад.

Како што информираа од Општина Охрид,  во изминативе денови се спроведуваат активности за подигање на паднатите лисја од јавните површини како во централното подрачје, така и во периферните делови од градот.

Подигнатите лисја се транспортираат до расадникот на ЈП „Охридски Комуналец”каде понатака се користат во процесот на компостирање.

 

OhridNews