ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности ја започна првата седмица од месец јули. Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистуваа појасот околу коловозната лента од ул.„Ристо Чадо“ , на потегот од кружната сообраќајница кај ОЕМУЦ„ Св.Наум Охридски“  до игралиштето кај „Стобекс“. Заради непречено движење на пешаците и возилата отстранети се гранки и друга вегетација.

Расчистен е просторот околу градската „Саат-кулата“ каде во иднина е предвидено да се уреди ново зелено катче.

Екипите на „Јавна хигиена“ по налог на општинскиот инспекторат го расчистуваат крајбрежниот појас пред хотел „Палас“ од расцветани алги. Активностите во најголем дел се изведуваат машински, во раните утрински часови.

OhridNews