Екипите на јавното претпријатие „Охридски Комуналец” реализираа активности за расчистување на дел од магистралниот пат кој води до „Св. Наум” и делот кој води кон плажата „Амброзија”.

Се косеше тревата покрај патот, исечени се надвиснати гранки и трња. Се изврши уредување и на тротоарите од село Рача до објектот на Хидробиолошкиот институт.

OhridNews