Идниот месец по барање на доверителот „Ремис“ на продажба ќе се најдат 98 единици на  „ЕМО“- Охрид.

На 6-ти декември ќе се продава опрема, алат, материјали, трафостаница и друг инвентар на „ЕМО“, кои по вторпат ќе бидат понудени во пакет со почетна цена од 63 милиони денари.

Имотот на „ЕМО“ се продава по барање на доверителот, градежното претпријатие  „Ремис“, на кое  „ЕМО“ му должи 120,4 милиони денари. Во третиот квартал загубарот „ЕМО“ регистрираше загуба од околу еден милион евра.

Компанијата за периодот од 2007 до 2009 година има загуба од речиси 9,5 милиони евра.

OhridNews
извор: Makfaks