Се разбуди вулканот Попокатепетел во Мексико. Според агенциите, тој почнал да исфрла чад и пепел на далечина од над три километри. Националниoт центар за превенција на катастрофи го предупреди населението да го напушти подрачјето на вулканот поради активност во кратерот и регистрирани 183 емисии на гас и пепел во изминатите 24 часа.

Геофизичарите регистрирале засилена активност на вулканот што се наоѓа на 72 км југоисточно од Мексико Сити.

Шефот на Агенцијата за цивилна заштита на Мексико, Фаусто Луго,  објави на „Твитер“ дека нема опасност за населението.

Мексиканските власти ги предупредуваат луѓето да ги покриваат носот и устата кога излегуваат надвор, да ги чуваат своите миленичиња дома и да ги ограничат физичките активности.

Вулканот се наоѓа на околу 60 километри југоисточно од градот Мексико. Тој е висок 5426 метри и е еден од најактивните вулкани во земјата. Неговата најмоќна ерупција беше во 2000 година, кога илјадници луѓе беа евакуирани.

OhridNews

Макфакс