Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, го посети Здружението на пензионери од Охрид  и Дебрца. Градоначалникот ги слушна проблемите на пензионерите, а на средбата  се разговараше и за потпишување на меморандумот за соработка меѓу Општина Охрид и Здружението на пензионери. Се разгледаа и можностите за бесплатен превоз на лицата од трета доба низ градов и селските средини.

Од страна на градоначалникот Стојаноски беше истакнато дека локалната власт ќе ги подржува проектите на охридските пензионери кои се во насока на продлабочување на соработката со сродни здруженија од збратимените градови со Охрид.

OhridNews